Утрински Весник
Македонија

Бочварски: Стан за семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи

Бочварски: Стан за семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на социјалните мрежи напиша дека денеска на седница на Комисијата за станбени прашања било одлучено на семејството Белчовски чија ќерка трагично загина во сообраќајна несреќа а нејзините органи беа донирани да им биде доделен стан на користење во општина Струмица.

Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна…

Posted by Blagoj Bochvarski on Петок, 07 мај 2021

Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, напиша Бочварски на Фејсбук.

Во напишаното додава дека семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно им се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Можете да прочитате

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога

Девојка голтнала хероин кога забележале полициска патрола, завршила на Токсикологија

Двајца уапсени во Скопје: Фрлил кеса со марихуана, нападнал полицаец и се обидел да побегне