Утрински Весник
Македонија

Утре сончево со променлива облачност

Умерено облачно со краткотраен дожд

Утре претпладне времето ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час) кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Овој продор на студен воздух ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоките места и кон исток повремено ќе има засилен интензитет.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурите ќе бидат во пораст.

Можете да прочитате

Оставка од Ленче Ристоска: Политичките влијанија го разоруваат обвинителскиот систем

Средба на Муцунски со францускиот министер делегиран за Европа, Бенџамин Адад

Вработен во МВР, возел во спротивна насока, па му се заканувал на полициски службеник