Утрински Весник
Македонија

По повод денот на Европа, утре планинарски марш на Водно

По повод денот на Европа, утре планинарски марш на Водно

Утре во организација на Европското движење во Република Северна Македонија, кое дејствува во рамките на Меѓународното европско движење со седиште во Брисел а по повод одбележувањето на Денот на европското знаме, ќе се одржи традиционалниот Марш на Водно. Маршот ќе започне во 09:00 часот, велат од таму.

Информираат дека стартот на маршот традиционално е закажан пред Европската куќа (Europe House) со краток церемонијален дел кога претставници на Европското движење и на Делегацијата на ЕУ ќе ги разменат македонското и знамето на ЕУ, а на група планинари и други заинтересирани граѓани, како и членови на Европското движење ќе им бидат доделени мали македонски знамиња и мали знаменца на ЕУ.

За време на маршот ќе бидат запазени сите мерки за претпазливост за движење во групи и заштита од пандемијата со Ковид-19, потенцираат организаторите.

Дообјаснуваат дека знамињата ќе се носат до врвот на Водно.

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол