Утрински Весник
Свет

Огромна акција против детска порнографија во Германија

Огромна акција против детска порнографија во Германија

Полиција претресе над 50 згради во Германија, а акцијата беше насочена против корисниците на интернет платформи на кои се шири детска порнографија.

„Ова е досега најголемата координирана акција против детска порнографија во Баварија“, рече министерот за правда на Баварија, Георг Ајзенах.

Покрај Баварија, претреси беа извршени и во Долна Саксонија и Баден-Вуртемберг.

Вкупно 51 лице е осомничено за поседување и дистрибуција на детска порнографија, како и за обид за контакт со малолетни лица преку Интернет со намера сексуално искористување.

„Сторителите доаѓаат од сите возрасни групи, занимања и социјални слоеви“, рече Ајзенах.

Запленето е големо количество паметни телефони, компјутери и носачи на податоци, во акцијата во која учествувале 213 полицајци.

Оваа недела во Германија веќе се случи голема операција против глобалниот ланец педофили, при што беа уапсени три лица.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година