Утрински Весник
Свет

Земјоделец во Белгија случајно премести камен и ја прошири територијата на неговата држава

Земјоделец во Белгија случајно премести камен и ја прошири територијата на неговата држава
300x250 (7)

Белгиски земјоделец ненамерно ја прошири територијата на својата земја со поместување на антички камен што ја означува границата со Франција.

Откритието од група ентузијасти што ја проучувале локалната историја додека шетале низ пошумената погранична област од француска страна, покажало дека граничниот камен сега е поместен на 2.20 метри од местото каде што бил поставен во согласност со договорот за разграничување пред два века.

Img 5587

Ова резултираше со негативни коментари од француска страна, пишуваат тамошните медиуми.

“Ако таа земја ни припаѓа на нас, тогаш тоа е така. Ние не сакаме да не оштетите за два метра”, изјави жител на француското погранично село пренесува Ројтерс.

Од друга страна, во белгискиот град Еркиленес, градоначалникот Давид Лаво покажа подготвеност да избегне меѓународен инцидент.

„Земјиштето беше продадено и мислам дека оној што го купи ги помести границите на начин на кој тој сакаше. „Но, ова не е само приватна граница, таа е граница меѓу државите и не можете да ги поместите граничните обележувачи што се таму веќе долго време“, се согласи градоначалникот.

Ss1

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење