Утрински Весник
Свет

Турција нарача 50 милиони дози од руската вакцина „спутник В“

Турција нарача 50 милиони дози од руската вакцина „спутник В“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турција, која се бори со недостиг на вакцини против коронавирус, објави дека нарачала 50 милиони дози од руската вакцина „спутник В“.

„Турција потпиша договор за набавка на 50 милиони дози ‘спутник В’ што треба да пристигнат во следните шест месеци. Првата испорака ќе биде во мај”, рече турскиот министер за здравство, Фахретин Коча.

Веста доаѓа во време кога Турција, која брзо започна кампања за вакцинација, значително ја забави својата динамика поради недостаток на вакцини.

За тоа сведочи и фактот дека Коча објави дека втората доза на вакцината на „Фајзер“ сега ќе се дава за шест до осум недели по првата, наместо сегашните четири недели.

Во Турција, земја со околу 83 милиони жители, од коронавирус досега заболеле 4,7 милиони луѓе, а над 39.000 починале.

Само 8,7 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината, претежно кинеската „КоронаВак“.

Поради новиот бран на епидемијата, владата објави ново тринеделно затворање од четврток.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати