Утрински Весник
Македонија

Од денеска полициски час од 21 часот, работат и терасите на угостителските објекти

Од денеска полициски час од 21 часот, работат и терасите на угостителските објекти

Од денеска забраната за движење на населението и на возила од јавниот превоз на целата територија на државата, наместо од 20 часот, ќе важи од 21 до 5 часот наредниот ден, по измените што иг прифати Владата на вчерашната седница.

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за време на верскиот празник Рамазан-бајрам.

Почнувајќи од денеска, сите угостителски објекти може да работат само во отворените делови, односно на терасите на угостителските објекти, и тоа до 20.30 часот по што треба да бидат затворени за посетители.

Компаниите од угостителската дејност регистрирани за прослави (свадби, родендени, крштевки и слично) ќе може да ја организираат работата само како ресторани на отворено, односно на терасите, а забраната за организирање свадби, родендени, крштевки и слично останува.

Исклучок од ова се угостителските објекти на меѓународните аеродроми, како и во објектите за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и друго) за лицата што се сместени во овие објекти, кои остануваат да работат како и досега.

Соодветно на овие исклучоци ќе се применуваат адаптираните – протоколот за отворање и работа на кафетериите, протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана и одлуката за превентивни препораки, привремени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од Ковид-19.

Во согласност со препораките на Комисијата останува забраната за работа на сите вежбалници, фитнес-клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање во затворен простор, а дејноста може да ја обавуваат на отворен простор во согласност со соодветниот наменски протокол.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата ја носи одлуката за почесен конзул

Кривична против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари

Неколку стотини маски дефилираа на карневалот Прочка во Прилеп, ги предводеа Мечкарите