Утрински Весник
Македонија

Казнети 118 возачи во Скопје, од кои 43 за брзо возење

Казнети 118 возачи во Скопје, од кои 43 за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 118 возачи во Скопје, од кои 43 за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, три за минување на црвено светло. Казнети се шест мотоциклисти, три казни за непрописно престигнување и обиколување и 30 санкции за непрописно паркирани возила.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат