Утрински Весник
Македонија

Не помина интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски

Не помина интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски

Собранието попладнево не ја прифати иницијативата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, за отповикување од функцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „За“ интерпелацијата гласаа 11 пратеници, 60 беа против, а немаше воздржани. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не просуствуваа на гласањето, тие претходно ја напуштија собраниската сала.

Министерот Спасовски во завршните зборови пред гласањето истакна дека расправата за неговата интерпелација ја смета како висок чин на демократијата.

„ Посебно упатувам порака до пратениците на парламентарното мнозинство. Кога ќе одлучувате за интерпелацијата да одлучувате по ваша совест врз основа на она што сме го сработиле, на фактите коишто ги презентирав пред сите вас и ако сметате дека тоа не е доволно ве молам да ја поддржите интерпелацијата на Алијанса да ме ослободите од позицијата министер, а доколку не сметате според вашата совет дека ова е исправно тогаш само ќе ви ветам дека и од утре натаму ќе продолжиме уште посилно, уште попосветено да работиме заеднички во интерес, а ве повикувам и вас почитувани пратеници на опозицијата приклучете се заедно да направиме нешто добро за нашата Македонија, нагласи Спасовски во обраќањето.

Иницијаторите на интерпелацијата бараа одговорност од министерот Спасовски за, како што наведоа, бегството на Никола Груевски и Сашо Мијалков, како и за давањето македонски пасоши на меѓународни криминалци и за лицата со двојни матични броеви.

Пратениците од СДСМ пак ја оценија интерпелацијата како безпредметна, посочувајќи дека сега не треба да се дискутира за тоа, туку за изнаоѓање решенија на важни прашања на граѓаните.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации