Утрински Весник
Спорт

И Златан сакал да биде вакцина „турист“ во Србија?

И Златан сакал да биде вакцина „турист“ во Србија?
300x250 (7)

Шведската легенда на Милан, Златан Ибрахимовиќ сакал да прими вакцина против корона вирусот во Белград, како многу жители на Македонија и на околните земји, но Милан не му го дозволил тоа, тврди српскиот „Телеграф“.

Според нивните информации 39-годишниот Ибрахимовиќ се распрашувал кај тренерот на Црвена звезда и близок пријател, Дејан Станковиќ и работите биле договорени пред да интервенира италијанскиот клуб. Проблемот не бил во вакцината, туку во законите во Италија, во период кога на фудбалерите им било забрането да ја напуштаат оваа земја.

Img 5587

Ибрахимовиќ пред два месеци беше во Белград, каде што Милан играше токму со Ѕвезда во Лига Европа, каде што се случи еден мал инцидент и тој беше навредуван на национална основа. Звезда беше казнета за овој потег, но Ибрахимовиќ лобирал кај УЕФА да не се дава најстрога казна бидејќи се чувствувал добредојден во Србија.

> И Златан сакал да биде вакцина „турист“ во Србија? <

Ss1

Можете да прочитате

Почина селекторот кој во 1978 година ја предводеше Аргентина до првата титула светски првак

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ