Утрински Весник
Свет

Вакцината „спутник лајт“ ќе биде регистрирана на почетокот на мај

Вакцината „спутник лајт“ ќе биде регистрирана на почетокот на мај

Руското Министерство за здравство очекува вакцината против коронавирус, „спутник лајт“, да биде регистрирана во Русија на почетокот на мај, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

„Планираме да ја регистрираме (вакцината) за време на мајските празници“, им рече тој на новинарите, пренесе ТАСС.

Министерот претходно рече дека првите резултати од студијата за вакцината „спутник лајт“ се прилично охрабрувачки.

Тој не ја исклучи можноста вакцината да се користи за ревакцинација.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево