Утрински Весник
Свет

Кина најави поддршка за Русија во услови на поостри западни санкции

Кина најави поддршка за Русија во услови на поостри западни санкции

Кинеските власти се решени да ја зголемат поддршката за Русија во услови на заострени санкции против Москва, изјави денеска портпаролот на кинеското МНР, Ванг Венбин, пренесува ТАСС.

„Ние силно се спротивставуваме на употребата на еднострани санкции. Кина и Русија ги одржуваат односите на сеопфатно партнерство и ќе се поддржуваат едни со други по прашањата за заштита на државниот суверенитет”, истакна Венбин на редовниот брифинг.

Според дипломатот, Пекинг се надева дека САД и Русија ќе воспостават конструктивен дијалог и ќе ги решат несогласувањата на еднаква основа, врз принципите на меѓусебно почитување.

„Едностраните американски санкции се манифестација на хегемонија, тие поттикнуваат општ протест“, заклучи Ванг Венбин.

Можете да прочитате

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе