Утрински Весник
Свет

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“ поради кршење на договорот за испорака на вакцини

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“ поради кршење на договорот за испорака на вакцини

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати.

Вчера на состанокот на европските дипломати, повеќето европски земји потврдија дека ќе поддржат тужба против „Астразенека“ за кршење на договорот за испорака на вакцини до членките на ЕУ, наведува „Политико“.

Идејата зад тужбата е да се принуди „Астразенека“ да ги достави вакцините што ги вети во договорот со Европската Унија, објави „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори.

„Астразенека“ предизвика негодување во ЕУ во јануари кога соопшти дека нема да може да и го достави на Унијата бројот на дози за кои првично се обврза.

До крајот на првиот квартал, таа испорача 30 милиони дози во земјите на ЕУ, а не 100 милиони колку што беше договорено.

Тој недостаток се одрази врз кампањите за вакцинација низ цела ЕУ, пишува „Политико“.

Компанијата соопшти дека ќе испорача околу 70 милиони дози до крајот на вториот квартал, до кога требаше да бидат доставени сите 300 милиони дози според договорот со ЕУ.

Можете да прочитате

Снегот принуди 500 патници да преноќат во авиони на аеродромот во Минхен

Виткоф: Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ под притисокот од САД

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел