Утрински Весник
Македонија

Обвинение за двајца браќа од Гостивар кои тепале жена со тупаници и келшти

Обвинение за двајца браќа од Гостивар кои тепале жена со тупаници и келшти

Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело насилство.

Како што информираат од Обвинителството, на 8 oктомври минатата година, двајцата браќа, во група заедно со други засега непознати луѓе, физички нападнале две лица во Гостивар.

Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото.

Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања.

Настанот предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото.​​

Можете да прочитате

Мојсоска: Кој „не ги виде” машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?

ВРЕДИ: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Сообраќајка со пет возила на автопатот Штип – Миладиновци