Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Бесплатните ПЦР-тестови за странци се економска мерка

Bitikji 1
Dik 300x250 mk

Вицепоремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, го објасни доделувањето на бесплатни ПЦР-тестови за странци кои ќе дојдат како турустички посетители на Македонија како економска мерка, додека тоа што домашните граѓани по своја иницијатива мора да ги платат е дел од здравствената криза со пандемијата.

– Кога носите економска мерка вие треба да станете конкурентен во целиот Западен Балкан, но и на светско ниво. Размислуваме на воведување на меѓународно признатиот safety travel, што ќе значи дека кај нас е безбедно да се патува, дека има протоколи. Тоа го правиме со стопанските комори. ПЦР-тестовите за странците нема да се прават во приватните лаборатории, туку во оние во јавното здравство, што значи дека јас нема да дозволам на некому да креирам пазар со пари од граѓаните, рече Битиќи оретпладнево во емисијата „Утрински брифинг“

Владата на последната седница одлучи државата да им ги подмири трошоците за ПЦР-тестови на странските туристи, кои до крајот на годинава ќе одлучат да ја посетат земјата и со тоа да се поттикне туризмот во претстојната летна сезона.

Можете да прочитате

Приведени девет лица, еве што најде полицијата кај нив

Девојка од Росоман пријавила дека била претепана од својот вонбрачен партнер во Скопје

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра