Утрински Весник
Македонија

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ се единствена опозиција која тргнала итерпелации од дневен ред кои самата ги поднелa

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ се единствена опозиција која тргнала итерпелации од дневен ред кои самата ги поднелa
Dik 300x250 mk

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува незрело, и дека тие се единствена опозиција која тргнала итерпелации од дневен ред кои самата ги поднела.

„Благодарам на можноста право прво во врска со процедуралниот дел и членовите од деловникот член 45 и 48, да дадете да ги прочита студент од правен факултет во прва година ќе ви каже што е уредено со Делвникот и како се постапува по поднесени интерпелации. Тие се разгледуваат на прва наредна седница после одредувањето на рокот за да одговорат министрите кон која е дадена интерпелацијата и тој дел е јасен правно нема никакви дилеми и нема ништо поразлично од она што го кажа претседателот Џафери, а тоа го знаат и другите координатори на пратенички групи“, рече Митрески.

Сакам да се осврнам фамозната 36 седница на којшто вие бевте сведоци кои беа условите за да се одржи седницата, односно да биде изгласана потребата од скратена постапка на законите од петтиот пакет мерки. Условите на коишто и ние инсистиравме да не бидат така, меѓутоа опозицијата инсистираше да се тргнат како точки од дневен ред беа интерпелациите коишто тие ги поставија, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ.

„Јас досега во 30 годишната работа на Собранието односно од кога постој Собранието, никогаш не сме виделе опозиција или било кој друг пратеник да достави интерпелации и да бара таа да биде тргната од дневен ред. На координациите и јавно од пленарна сала кажав на последиците од тоа што бараат тие да се случи. За денес да бидеме обвинети дека сакаме да ја замолчиме опозицијата. Ќе повторам, денес нека поднесат пак интерпелации како што е по Деловникот и ќе бидат ставени на седница и за нив ќе дискутираме на ден што тие ќе го одредат. Кажувам јавно сум кажал на координации и секаде нека определат тие ден кога сакаат да ги разгледуваме интерпелациите, досега во овој мандат имаше една интерпелација на министерот Димитров што беше поставена на една од седниците. Денот за гласање и дискусија по интерпелациите беше ден одбран од опозцијата, поради пратеник кој бил на патување чекавме за да можел да говори пратеникот од опозцијата“, рече Митрески.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!