Утрински Весник
Свет

Меркел сака измена во законот за воведување на задолжителен „локдаун“

Меркел сака измена во законот за воведување на задолжителен „локдаун“

Следниот понеделник нема да има состанок меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните покраини, кои инаку заеднички одлучуваат за мерките за борба против пандемијата, а често имаат и спортивставени ставови.

Канцеларката Меркел периодов се залага за поостри мерки, додека покраинските премиери се за порелаксиран пристап.

Нивниот најавен состанок за дискутирање на мерките сега е откажан, пренесуваат „Ројтерс“ и АРД.

Според агенцијата „Ројтерс“, германската федерална влада следната недела, во тесен договор со сојузните покраини и Бундестагот, има намера да покрене измена на законот со која се предвидува „директно обврзувачка и сеопфатна итна сопирачка (т.е. заклучување) за општините со инциденца од 100 или повеќе“.

Под инциденца од 100, постојните одлуки на Конференцијата на покраинските премиери треба да продолжат да се применуваат, а на тој начин би ја задржале својата јурисдикција.

Министерот за здравство Јенс Шпан рече дека деталите ќе бидат разгледани во федералната влада, но дека ќе одлучи Бундестагот.

Можете да прочитате

Меланија Трамп негира врски со Епстин, обвинувањата ги нарече клевети

Саудиска Арабија со намален капацитет за производство на нафта за околу 600.000 барели дневно

Штрајкот на кабинскиот персонал на „Луфтханза“ доведе до масовни откажувања на летови