Утрински Весник
Магазин

Амброзио во совршена форма како и секогаш

Амброзио во совршена форма како и секогаш
Ss2

Алесандра Амброзио ја покажа својата беспрекорно тонирана фигура додека излегува од тренинг во спортски градник и хеланки, коментираат таблоидите, додавајќи дека атрактивната Бразилка ќе наполни 40 години во недела.

Таа неодамна му изјави љубов на новиот човек во нејзиниот живот, моделот Ричард Ли.

300x250 (7)

И додека се подготвува за својот 40.роденден, Алесандра продолжува со својата секојдневна рутина за да остане во топ-форма.

Во четвртокот, папараците ја уловија кога ја напушташе салата за вежбање во атлетско издание – зелен спортски градник и бели хеланки – кои ја истакнуваат нејзината беспрекорно тонирана фигура.

Подоцна таа се огласи на својот Инстаграм за да сподели фотографии од сесијата вежби.

Алесандра моментално ужива во нова жешка романса откако се раздели со момчето Николо Оди по две-годишна врска. Таа минатиот месец потврди дека е со моделот Ричард Ли, а таблоидите шпекулираат дека нивната врска станува сериозна.

Во неделата на Велигден, супермоделот сподели видеа од нив двајца заедно, како и фотографија на која се бакнуваат додека носат уши од зајачиња.

„Те сакам со целото мое срце“, напиша таа под објавата.

Ss1

Можете да прочитате

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Прогласени градовите добитници на наградите на ЕУ за инклузивност и различност за 2024 година 

Нарачала фустани преку интернет, а во пакетот ѝ стигнала епрувета со крв