Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

САД може да протераат руски дипломати, да воведат нови санкции

САД може да протераат руски дипломати, да воведат нови санкции
Dik 300x250 mk

Американската администрација го заврши разузнавачкиот преглед на наводното руско изборно мешање и хакирањето на SolarWinds и набргу може да најави одмазднички активности, објави „Блумберг“ повикувајќи се на три извори запознати со ова прашање.

„Можните потези може да вклучат санкции и протерување руски разузнавачи што се во САД под дипломатско покритие“, рекле изворите, кои побарале да останат анонимни.

Според медиумот, „американскиот претседател Џо Бајден и неговите клучни соработници сега ќе мора да проценат колку е тешко да ја казнат Русија истовремено барајќи нејзина помош за приоритетите, како што се повторно приклучување кон иранскиот нуклеарен договор, рестартирање на разговорите за контрола на вооружувањето и борбата против климатските промени“.

Руските власти постојано ги отфрлаат наводите на Вашингтон за мешање на изборите во Москва и вмешаност во сајбер-нападот.

Можете да прочитате

Латвија се подготвува за војна – става зелени ознаки на зградите и трупа залихи

 Хутите нападнаа објект на ОН во главниот град Сана

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија денес е поважна од кога било досега