Утрински Весник
Свет

Руски функционер: Ќе реагираме ако сме принудени да ги заштитиме нашите граѓани во Украина

Руски функционер: Ќе реагираме ако сме принудени да ги заштитиме нашите граѓани во Украина

Висок претставник на Кремљ изјави дека во одредени околности Русија може да биде принудена да ги брани своите граѓани во источна Украина и дека голем воен конфликт би можел да го означи почеток на крајот на Украина како држава, пренесе агенцијата „Тасс“.

Западните нации повикуваат на воздржаност откако Украина алармираше поради трупањето на руски сили во близина на границата.

Исто така, насилството се интензивира долж линијата на поделба меѓу владините сили и сепаратистите во источниот регион Донбас.

„Ја поддржувам проценката дека … почеток на воена акција … би бил почеток на крајот на Украина“, рече заменик-шефот на канцеларијата на рускиот претседател, Дмитриј Козак.

Козак бил прашан дали Русија ќе ги заштити своите граѓани во источна Украина.

Споменувајќи ја Сребреница како одговор, каде силите на босанските Срби убија околу 8.000 муслимански мажи и момчиња за време на војната во БиХ во 1992-1995 година, тој рече: „Сè зависи од размерот на конфликтот. Ако биде, како што вели нашиот претседател, Сребреница, очигледно е дека ќе мора да интервенираме за да ги заштитиме“.

Во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин го обвини Киев за провокаторски акции во источна Украина.

 

Можете да прочитате

Руски воени бродови впловија во Црвено Море

Во Франција за Велигден зголемено присуството на полицијата пред црквите

Палестинската управа формира нова влада