Утрински Весник
Македонија

Пронајдено трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

Пронајдено трајно решение за проблемот со матичен лекар во Шуто Оризари

Министерството за здравство информира дека е изнјадено трајно решение за проблемот со матичен лекар во општината Шуто Оризари.

После 6 неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во Поликлиниката во Шуто Оризари денеска добивме апликација на седмиот оглас од приватна Поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја Поликлиника.

Со ваквиот ситем на вршење здравствена дејност во рамките на Поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение, велат од МЗ.

Од министерството информираат дека завршила и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што како што велат од таму министерството го решило деценискиот проблем во општината.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина