Утрински Весник
Свет

(Видео) Швајцарската полиција со гумени куршуми и солзавец кон демонстрантите против корона-мерките

(Видео) Швајцарската полиција со гумени куршуми и солзавец кон демонстрантите против корона-мерките

Швајцарската полиција доцна синоќа употреби гумени куршуми и солзавец за да растера стотици демонстранти против рестриктивните мерки за контрола на коронавирусот во североисточниот град Сент Гален.

Полицијата најпрво изјави дека нејзините членови биле мета на најразлични предмети фрлани од демонстрантите и дека биле принудени да користат гумени куршуми во самоодбрана. Подоцна вечерта беше објавено дека кон полицијата биле фрлени молотови коктели и други запалени предмети, што било причина органите на редот да употребат и солзавец.

Полициските службеници ги повикале демонстрантите да не напаѓаат и да не го оштетуваат имотот, а набљудувачите да си заминат.

Според весникот „Тагблат“, околу 1.000 луѓе излегле на улиците на Сент Гален, град со околу 75.000 жители.

Зголемениот број на инфекции со коронавирус ја принудија швајцарската влада да се откаже од мерките за олеснување.

Земјата со околу 8,6 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрира повеќе од 600.000 случаи на инфекција, а повеќе од 9.600 лица починале.

Можете да прочитате

Трамп ја прекинал средбата со Зеленски и европските лидери за телефонски разговор со Путин

Трамп и Зеленски со пораки за мир

ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил- бомба на Кримскиот мост