Утрински Весник
Македонија

По Берлин и Љубљана, Димитров утре во посета на Загреб

По Берлин и Љубљана, Димитров утре во посета на Загреб

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, утре ќе престојува во работна посета на Хрватска.

Според најавите од неговиот кабинет, вицепремиерот Димитров ќе биде примен од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Горан Грлиќ- Радман.

На средбите Димитров ќе разговара во контекст на зацврстување на хрватската поддршка за процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан, по вложените напори за време на хрватското претседателство кога Северна Македонија ја доби одлуката за почеток на пристапните преговори.

Ќе бидат разгледани и областите за зајакнување на традиционално блиската билатерална соработка за успешно спроведување на европските реформи и конкретната поддршка на Секретаријатот за европски прашања во таа насока.

Можете да прочитате

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Костадиновска Стојчевска: Лажеа и за името и за јазикот, СДСМ бара надзорна расправа за Законот за македонски јазик

Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата