Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Османи: Односите со Бугарија се на најниско ниво

Османи: Односите со Бугарија се на најниско ниво
Img 7972

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени дека по неколкуте протестни ноти од Бугарија до земјава и повикувањето на македонскиот в.д. амбасадор во Софија на разговор, ги симнале односите меѓу двете земји на најниско ниво.

На денешната презентација на Француската Агенција за развој во МНР, Османи рече дека сепак остава простор за враќање на довербата помеѓу двете држави.

„Можам да констатирам дека се можеби на најниската точка во последниот период, но јас мислам дека постои потенцијал за враќање на довербата помеѓу државите, на враќање на нормалната комуникација, на враќање на меѓусебната соработка, само треба да се рационализира таа дебата и тој пристап. Изборите не помагаат обично во рационализација на таа дебата и не само во Бугарија. Така беше и кога ние имавме избори. Така е секогаш, изборите ги киднапираат нормалните политички дебати, но јас сум убеден дека во нашите односи има потенцијал да се врати дебатата на една нормална комуникација и меѓусебно почитување“, кажа Османи.

Тој изрази надеж и додаде, дека е од интерес и на Бугарија, но и на целата ЕУ е да се фати јунскиот рок за започнување на преговори, бидејќи после тоа како што рече процесот станува се понепредвидлив, а тоа според него не е во интерес на регионот и не е во интерес на ЕУ.

Можете да прочитате

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците

Мицкоски: Филипче ја доведе СДСМ до тоа дереџе во некои општини да биде трета, а некаде и четврта партија

Синдикат на полицијата протестира поради неетички изјави на обвинители во истрагата за пожарот во „Пулс“