Утрински Весник
Свет

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес со сила од три степени по Рихтер е забележан во југозападна Бугарија, на бугарско-грчката граница, соопшти денеска Институтот за геофизика, геодезија и географија при бугарската Академија за наука.

Земјотресот се случил во 15.20 по локално време, а епицентарот бил на 22 километри од Сер во Грција и 23 километри од Петрич во Бугарија, на длабочина од четири километри, пренесуваат бугарските агенции.

Засега нема податоци за материјална штета.

Можете да прочитате

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел

Фараж најави замрзнување на постапките за азил до пет години ако неговата партија победи на изборите