Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кај кој е пронајденa наркотичнa дрогa

Короната влезе во затвор во Алјаска

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против лицето Е.А.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.

На 23.03.2021, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОСОСК и СВР Скопје извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле предмети поврзани со нелегална трговија со дрога, велат од МВР.

Од таму додават дека претресот во домот на Е.А. е дел од дополнителните мерки преземени во врска со реализираниот случај од почетокот на март 2021, во кој биле запленети 390 кг. и 379 грама марихуана, а за кој веќе е поднесена кривична пријава против Д.Н.(47) од Скопје.

На Е.А., од судија на претходна постапка, му е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

УКИМ остана на 1.990-то место на листата најдобри 2.000 универзитети во светот

Кривична пријава против три лица од Тетово, осомничени дека со меѓусебен договор ја изиграле постапката за јавен повик на сметка на државниот буџет

Сиљановска – Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име