Утрински Весник
Македонија

Уште едно лице од протестите за „Монструм“ во притвор

Покренато обвинение против седуммина учесници на протестот за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник од селото Стајковци, кој учестувал во собир и насилно се однесувал со полицијата.

„ Осомничениот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, започнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети. Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар. Сега осомничениот во протестите учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет“ соопшти обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Можете да прочитате

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица