Утрински Весник
Македонија

Нема нови рестриктивни мерки

Глоби за 13 лица во Скопје

Нема дополнување на мерките за заштита од коронавирусот и во сила остануваат веќе донесените мерки за заштита, одлучи денеска Комисијата за заразни болести по увидот на епидемиолошката состојба.

Мерката за забрана за движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро ќе трае до 6 април.

Нови мерки не се предлагаат, а надлежните институции постојано апелираат на почитување на мерките за заштита со носење маски и одржување дистанца, како и почитување на протоколите.

Комисијата за заразни болести оваа одлука ја донесе по согледувањата на новозаразените во последните неколку дена.

Спореде најавите Комисијата ќе заседава повторно најверојатно во понеделник.

Можете да прочитате

Од НАТО и ЕУ до зелената транзиција: Четири столба на пораката на Мицкоски од ОН

СДСМ: Документи ги потврдуваат сите сомнежи за 5.53 милиони евра за прославата – време е за истрага и целосни одговори

Зајкова: Целата независност ја потрошивме на ЕУ интеграции, а не ги научивме основните работи