Утрински Весник
Македонија

Нема нови рестриктивни мерки

Глоби за 13 лица во Скопје

Нема дополнување на мерките за заштита од коронавирусот и во сила остануваат веќе донесените мерки за заштита, одлучи денеска Комисијата за заразни болести по увидот на епидемиолошката состојба.

Мерката за забрана за движење во периодот од 22 часот навечер до 5 часот наутро ќе трае до 6 април.

Нови мерки не се предлагаат, а надлежните институции постојано апелираат на почитување на мерките за заштита со носење маски и одржување дистанца, како и почитување на протоколите.

Комисијата за заразни болести оваа одлука ја донесе по согледувањата на новозаразените во последните неколку дена.

Спореде најавите Комисијата ќе заседава повторно најверојатно во понеделник.

Можете да прочитате

Уапсени двајца мажи од Радовиш – произведувале мраз со ешерихија коли

ВЛЕН: Го зајакнуваме столбот со албанската дијаспора и САД

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС