Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Бразилскиот институт „Бутантан“ разви потенцијална вакцина против Ковид-19

Бразилскиот институт „Бутантан“ разви потенцијална вакцина против Ковид-19
300x250 opst2

Бразилскиот биомедицински институт „Бутантан“ разви потенцијална вакцина против Ковид-19 и ќе побара одобрување за започнување на испитувања врз луѓе, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на неименувани извори.

Извори велат дека „Бутантан“ планира да ја тестира вакцината на 1.800 волонтери во две фази. Вакцината ќе биде стопроцентно развиена од меѓународен конзорциум во Бразил.

Виетнам и Тајланд се дел од конзорциумот, објавија локалните медиуми. Изворите рекоа дека „Бутантан“ очекува да почне масовно производство на оваа вакцина во мај.

„Бутантан“ веќе ја произведува вакцината „коронавак“, која ја разви кинески „Синовак“ и и достави 27,8 милиони дози на бразилската влада.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати