Утрински Весник
Свет

(Видео) Стравотен судир на возови во Египет, загинаа најмалку 32 лица

(Видео) Стравотен судир на возови во Египет, загинаа најмалку 32 лица

Два патнички воза се судрија во јужен Египет.

Министерството за здравство соопшти дека во несреќата загинале најмалку 32 лица, а 66 се повредени.

Според прелиминарните извештаи, инцидентот се случил северно од градот Сохаг, лоциран на 460 километри јужно од главниот град Каиро, на западниот брег на Нил.

Според локалните медиуми, најмалку три вагони излетале од шините.

Можете да прочитате

Британски планинар (28) паднал од врв во Шпанија и починал

Бразил воведува целосна забрана за онлајн обложување

Русите го нападнаа Запорожје, има мртви, едно дете е рането