Утрински Весник
Свет

Трамп има оправдување за собирањето пред Капитол

Трамп има оправдување за собирањето пред Капитол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има изговор за некои свои приврзаници кои протестираа пред американскиот Капитол на 6 јануари, велејќи дека тие не претставувале никаква закана.

Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп се пожали дека полицијата ги прогонува демонстрантите од Капитол, додека на левичарите ништо не им се случува, пренесува „Гардијан“.

Тој призна дека оние кои влегоа во Капитол не требало да го сторат тоа. Но, тој додаде: „Некои од нив влегоа и се прегрнуваа и се бакнуваа со полицијата и чуварите. Знаете, тие имаа одлични врски. Многу луѓе ги привлече толпата внатре, а потоа влегоа и излегоа”.

Повеќе од 300 лица се обвинети во врска со немирите на 6 јануари, а властите изјавија дека веруваат дека најмалку уште 100 може да се соочат со обвиненија.

За време на интервјуто за „Фокс њуз“, Трамп го критикуваше и Ентони Фаучи, американски експерт за инфективни болести: „Искрено, не го слушав премногу“, рече тој.

Фаучи беше еден од клучните советници на Трамп на почетокот на пандемијата, но подоцна ги прекина врските со поранешниот претседател поради разликите во начинот на решавање на кризата.

Во јануари, Фаучи го опиша „ослободувачкото чувство“ дека може да ја каже научната вистина за коронавирусот, без страв од „последици“ од Трамп, наведува „Гардијан“.

Можете да прочитате

Ракот сите нè погодува – Бајден се огласи откако му беше дијагностициран рак

Не е само кучката Цеца: Во Костарика фатена мачка што шверцува дрога во затвор

Почина Ивана Ковачевиќ (44), сопруга на основачот и директорот на „EXIT“ Фестивал