Утрински Весник
Свет

ЕМА дополнително ќе ги испита случаите на згрутчување на крвта и „Астразенека“

ЕМА дополнително ќе ги испита случаите на згрутчување на крвта и „Астразенека“
Dik 300x250 mk

Европската агенција за лекови објави дека нејзиниот одбор за безбедност ќе организира состанок на експерти на 29 март, со цел дополнително истражување на случаите на згрутчување на крвта и можната поврзаност со вакцината на „Астразенека“ и Универзитетот „Оксфорд“.

Надворешни експерти од областа на медицината и двајца претставници на јавноста треба да ги презентираат своите ставови за можните причини за формирање тромбови, како тие се појавуваат, како и за потенцијалните ризици, објасни ЕМА.

ЕМА и Светската здравствена организација минатата недела повторно застанаа зад вакцината, тврдејќи дека е безбедна и дека придобивките што ги дава вакцината се поголеми од можните ризици од несакани ефекти.

Но, анкетите покажуваат дека довербата на Европејците во вакцината на „Астразенека“ паднала на ниско ниво откако најмалку 17 земји ја прекинале или одложиле нејзината употреба.

Земјите одлучија да го сторат тоа поради извештаите за формирање на тромб и крвавење по вакцинацијата.

Комитетот на ЕМА за процена на ризик во областа на безбедноста на лековите за човечка употреба (PRAC) почна итна анализа на згрутчување на крвта, вклучувајќи ретки случаи на згрутчување на крвта во мозокот.

Нивните ревидирани препораки се очекуваат меѓу 6 и 9 април.

„Астразенека“ повторува дека нивните студии не покажале никаква причинско-последична врска помеѓу вакцините и згрутчувањето на крвта.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин