Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали се вакцинирале владини функционери преку ред

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Додека секој ден има по неколку десеттина починати од корона, Венко Филипче крие кој се се вакцинирал и дали се вакцинирале владини функционери преку ред, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Во вчерашната статистика на починати имаше и лице со само 23 години. И тоа не е само бројка, тоа се лица чии семејства се завиени во црно. Вакцини нема, медикаменти нема, како тргнало граѓаните ќе заглават во болничките ходници, ако воопшто стигнат и до истите. Во момент кога вакцинацијата прекинува, затоа што имаше само незначителни дози на вакцини, се шири сомнеж дека вакцини примиле функционери, примиле лица кои не биле приоритет“, се вели во соопштението.

Водени од фактот дека национален интерес во овој момент е справувањето со КОВИД-19 и обезбедувањето на вакцини, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, бараме веднаш надлежните и Венко Филипче да одговорат дали се точни информациите дека и малиот број обезбедени вакцини се злоупотребуваат.

„Веднаш да се даде одговор на јавноста, дали некој функционер го земал местото за вакцинација на некое медицинско лице на кое му е неопходна затоа што се грижи за сите граѓани, без разлика дали се суспектни на КОВИД–19 или заразени со вирусот. Само со објавување на списоците на вакцинирани ќе се тргнат сите сомнежи за и онака катастрофалниот вакцинален процес. Венко Филипче, секако, ќе одговара за катастрофата што им се случува на граѓаните, а е предизвикана од последиците на корона кризата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт