Утрински Весник
Свет
Img 7972

Навални се жали на влошена здравствена состојба

Навални се жали на влошена здравствена состојба
Dik 300x250 mk

Алексеј Навални се пожали на нагло влошување на неговото здравје во затворот и вчера му беше забрането да се гледа со адвокати, рече помошник на рускиот опозициски лидер.

Навални пријавил сериозна болка во грбот и дека едната нога му било вкочанета и не можел да стои, изјавил Леонид Волков.

Адвокатите на Навални изјавија дека им е забранет состанок со него и претпоставија дека Навални сега се наоѓа во затворската клиника „ИК-2“.

„Не сме сигурни каде е сега Алексеј Навални, ниту ни е јасно зошто го кријат од нас “, рекоа адвокатите, додавајќи дека се сомневаат дека управата на затворот се обидува да ја прикрие неговата хоспитализација.

Тие рекоа дека опозицискиот лидер примил само две таблети ибупрофен поради неговата болка.

Навални заврши во овој затвор откако судот во Москва на 2 февруари ја смени условната казна во затвор за кршење на условната слобода.

Тој беше уапсен откако се врати во Москва од Германија каде се опоравуваше од труење со нервен агенс.

Руската затворска служба по изјавите на адвокатите на Навални коментираше дека здравствената состојба на рускиот опозициски лидер е задоволителна, пренесуваат руските агенции.

Можете да прочитате

Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви

Италија ќе има кибер армија, најави италијанското МО