Утрински Весник
Свет

Откриени 29 милиони вакцини на „Астразенека“ во фабрика во Италија, ЕУ бара објаснување

Откриени 29 милиони вакцини на „Астразенека“ во фабрика во Италија, ЕУ бара објаснување

„Астразенека“ објави дека во фабрика во Италија се пронајдени 29 милиони дози вакцини наменети за Европската Унија и за донации во посиромашните земји преку програмата „Ковакс“ предводена од Светската здравствена организација (СЗО).

На барање на Европската комисија, италијанските безбедносни сили извршија инспекција за време на викендот во фабриката „Каталент“ во Анањи близу Рим и таму пронајдоа вакцини од „Астразенека“, пишува „Ла Стампа“. Италијански официјален претставник подоцна го потврди извештајот за инспекцијата и рече дека дозите ќе бидат испратени во Белгија.

Серијата реакции на извештајот покажуваат ниво на недоверба кон англо-шведскиот производител, што го намали снабдувањето со вакцини во Унијата до крајот на јуни на 100 милиони дози, наместо 300 милиони дози, според договорот.

Пронајдените 29 милиони дози на вакцина се доволни за вакцинирање на 14,5 милиони луѓе.

„За време на инспекцијата биле пронајдени 30 милиони вакцини кои се запленети“, изјави портпаролот на француската влада, Габриел Атал.

„ЕУ нема да страда поради туѓите грешки во врска со вакцинацијата“, нагласи тој.

Европратеникот Питер Лизе, од истата партија со германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека извештајот го оставил без зборови и ја повика „Астразенека“ да ја разјасни ситуацијата.

Компанијата објасни денес дека повеќето дози од фабриката „Каталент“ се наменети за ЕУ, а остатокот е за посиромашните земји преку програмата „Ковакс“.

Марио Гаргиуло од „Каталент“ за „Ројтерс“ изјави дека поседувањето 29 милиони дози вакцина во фабриката е во согласност со вообичаената постапка и дека компанијата често има повеќе дози таму. Европската комисија одби да го коментира случајот.

УНИЦЕФ, во име на програмата за размена на вакцини „Ковакс“, објави дека закажаната достава на вакцини до сите земји, вклучително и Виетнам, мора да се одложи поради доцнење во производството.

Официјален претставник на ЕУ рече дека некои дози пристигнале во фабриката во Италија од холандска фабрика за вакцини, управувана од „Халикс“, подизведувач за „Астразенека“. Фабриката во Анањи е задолжена за пакување на вакцините произведени во фабриката „Халикс“ и во фабриката во Белгија, управувана од подизведувачот „Термо Фишер Синсиенл“.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме