Утрински Весник
Спорт

Видал си оди од Интер по само една сезона?

Видал си оди од Интер по само една сезона?

Беше желба на Антонио Конте минатото лето, а веќе ова по само една сезона можно е да го напушти Интер.

Искусниот играч од средниот ред, Артуро Видал во септември дојде на „Меаца“, обезбеди место во првата постава, но на крајот на 2020-та Кристијан Ериксен му го зема местото – стартер.

Во последните 8 меча во Серија А Видал од првата минута настапи само на две средби. На останатите 6 средби се на се одигра 58 минути.

Конте се помалку смета на него, па „Кориере дело Спорт“ пишуваат дека најверојатно на лето тој ќе го напушти миланскиот клуб.

Дополнителна причина за „раскинување“ претставува и неговата плата која од 5 порасна на 6.5 милиони евра, што претставува луксуз за „Нероазурите“ пред се за играч кој не е од особена важност за наредната сезона.

Француски Олимпик Марсеј ја следи состојбата со Видал, а новиот тренер на екипата, Хорхе Сампаоли наводно контактирал со Чилеанецот со кого соработуваше и додека беше на чело на оваа селекција.

Покрај француската екипа, за Видал се интересираат и од Галатасарај, односно Фламенго.

> Видал си оди од Интер по само една сезона? <

Можете да прочитате

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

Индијана се избори за мајсторка во серијата со Њујорк

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата