Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за скопјанец за бесправна изградба на хотел во Струга

Кривична пријава за скопјанец за бесправна изградба на хотел во Струга

Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје и фирма од Струга за бесправна изградба на хотелски комплекс.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против К. Б. (57) од Скопје и против правно лице од Струга поради постоење основано сомнение за сторенo кривично дело бесправно градење.

Во периодот од март до јуни 2019, К. Б. како одговорно лице и управител на правното лице, на локација во Струга, без соодветно одобрение, почнал градба на дел од хотелски комплекс.

Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на изградениот хотелски комплекс.

Можете да прочитате

Во табла јајца сакала да внесе дрога во затвор, ОЈО бара куќен притвор за 25годишна жена

Овчар најден починат во близина на пат во гостиварско

Буџетот е пред колапс а народот со празни џебови, велат од СДСМ