Утрински Весник
Свет

Израел по грешка објави мапа со тајни воени бази

Израел по грешка објави мапа со тајни воени бази

Израелската армија на интернет по грешка објавила мапа со тајни бази, на која детално се гледа точната локација на израелските воздушни сили и разузнавачката воена служба, како и нивните имиња.

Командата на израелските одбранбени сили ја отстранила мапата, откако од новинари на весникот „Харец“ добилa прашања за неа.

Објавената мапа била достапна за израелските граѓани, а по нејзиното отстранување, била објавена мапа што не ги содржела тие доверливи информации.

Како што е наведено, ова не е прв пат да се објавуваат информации за тајни бази на одбранбените сили – во 2012 година, Хезболах користеше дрон за да ги сними локациите на израелските ракети, а во 2016 година, армијата им забрани на војниците да ја користат апликацијата „Покемон го“ бидејќи во неа морале да ја наведат локацијата на која што се наоѓаат.

Можете да прочитате

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Директорот од СЗО: Ги скршивме телата и умовите на децата во Газа, како доктор, бесен сум

Турската полиција на нозе: Приведени се 384 лица по судирите на протестите