Утрински Весник
Свет

Кина тројно го зголеми производството на вакцини против Ковид-19

Во Кина најголем скок на бројот на заболени од април
Dik 300x250 mk

Дневното производство на вакцини против Ковид-19 во Кина достигна околу пет милиони дози, што е три пати повеќе од 1,5 милиони дози колку што се произведуваа на 1 февруари, објавија официјалните медиуми.

Кина веќе испорача повеќе од 100 милиони дози во своите здравствени установи, објави новинската агенција „Синхуа“ на својата страница на социјалните мрежи, повикувајќи се на Кјао Јакинг, министер за индустрија и информатичка технологија.

Фенг Зиџијан, заменик директор на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, во понеделникот рече дека од април очекува значително зголемување на бројот на дневни вакцинации против Ковид-19.

Кина планира да вакцинира 40 проценти од 1,4 милијарди луѓе до средината на годината, објавија државните медиуми.

Кина беше меѓу првите земји што започнаа со вакцинација минатата година и извезуваше милиони дози, но стапките на вакцинација заостануваат зад земјите како што се Израел и САД.

Кинескиот производител на вакцини „Синовак Биотех“ во понеделникот објави дека испратил 160 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 во 18 земји и региони, вклучувајќи ја и Кина, а повеќе од 70 милиони дози веќе се применуваат на глобално ниво.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска го предупреди Путин да не патува низ нејзиниот воздушен простор

Наришкин: НАТО ја подготвува Европа за војна со Русија

Саркози ќе почне да ја отслужува затворската казна