Утрински Весник
Македонија

Најмногу снег во Маврово, сообраќајот се одвива во зимски услови

Најмногу снег во Маврово, сообраќајот се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Укинати се забраните за сообраќај на камиони на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буково, Стража, Пресека крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка и патниот правец Струга Г.П. Ќафасан.

Според информациите во 16 часот најмногу снег имало во Маврови Анови (41 сантиметри), Ѓуриште (38), Пожаране (32), Попова Шапка (30), Лазарополе (26), Тополчани (23), Претор (16), Битола (14), Тетово (8), Берово (8), Прилеп (7) и Штип (6).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Секој ден си велам ова е дното, ама може и полошо вели Пановски за случајот во Гостивар

Сѐ се зголемува, освен платите

Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија