Утрински Весник
Македонија

Викендов се самопопишале повеќе од 20 илјади иселеници

Викендов се самопопишале повеќе од 20 илјади иселеници

Иселениците во Швајцарија засега со најголем одзив на пописот, по нив следуваат тие од Германија и Италија. Другите држави заостануваат далеку зад овие три.

Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика вели дека во последното деноноќие се попишале повеќе од 20 илјади граѓани.

„Претпоставуваме дека ова нагло зголемување на бројката на самопопишани е поради викендот, кога луѓето имале повеќе слободно време“, вели Ѓоргиева.

Таа информира дека викендов завршил и последниот дополнителен конкурс за попишувачи и дека сега конечно има доволно пријавени дури и за оние региони каде претходно имаше недостаток.

Ѓоргиева е оптимист дека граѓаните нема да одговорат на повиците за бојкот и неотоврање врата на попишувачите.

„Од нашето искуство, во текот на самиот попис, граѓаните ќе одговорат на прашањата“, вели Ѓоргиева.

По однос на одговорноста за можното зголемување на бројот на заразени од Ковид-19 во текот на пописот, таа вели дека тој е задолжителен.

„Пописот претставува задолжителна активност на ДЗС. Спроведувањето или неспроведувањето на терен не е нешто за што може да одлучи ДЗС“, вели Ѓорѓиева.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поднесена кривична пријава за српскиот возач што се обидел да прошверцува 5000 штеки цигари

Студентка со поткуп добила лиценца за стоматолог, уапсени три лица

СДСМ: Во Собранието денес се избира нов послушник за Уставниот суд – стариот избега од одговорност, а Македонија повторно се задолжува