Утрински Весник
Спорт

Зидан: Дуелите со Ливерпул ќе бидат исцрпувачки

Зидан: Дуелите со Ливерпул ќе бидат исцрпувачки

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, рекол дека добро го познава тимот на Ливерпул. Реал и Ливерпул ќе се сретнат во четврт-финалето во Лигата на шампионите. Последен пат овие две екипи играле во 2018 година, во финалето во Киев, Реал победија со 3:1.

„Свесни сме со какви тешкотии ќе се соочиме. Ќе биде исцрпувачки, особено на физички план“, рекол Зидан.

Зидан, пет дена по победата над Ливерпул во 2018 година, поднесе оставка на функцијата во Реал и го напушти клубот. Седум месеци подоцна тој повторно се врати во Мадрид.

Тренерот одговорил и на прашањето поврзано со неговата иднина во Реал.

„Не планирам ништо. Не можете да потпишете договор на десет години и набргу потоа да си заминете. Или обратно…“, рекол тренерот на реал.

Реал Мадрид, попладнево, од 16.15 часот, ќе гостува кај Селта, во 28 коло во Ла Лига.

> Зидан: Дуелите со Ливерпул ќе бидат исцрпувачки <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027