Утрински Весник
Свет

Откриен прв случај на мачка заразена со британскиот вид коронавирус

Откриен прв случај на мачка заразена со британскиот вид коронавирус

Италијанските ветеринари го открија првиот случај на зараза со британскиот вид на коронавирус кај мачор кој живее во семејство во општина Новара.

Сопствениците на домашното животно се наоѓаат во карантин поради заразата, а експертите од Зоопрофилактичкиот институт тврдат дека мачорот се заразил од сопственикот и ги имал истите симптоми како и луѓето.

Директорот на Институтот, Анџело Ферари, потврди дека заразата се пренесува од луѓе на животни, а не обратно, и дека домашните животни не се носители на инфекцијата.

Тој потсети дека на фармите за размножување визон, чие крзно се користи за производство на скапи крзнени палта, заразата се шири и меѓу луѓето, односно меѓу персоналот што работел на тие фарми.

Во последните 24 часа од Ковид-19 починале 423 лица во Италија, а меѓу 350 илјади тестирани откриени се скоро 25 илјади нови случаи на инфекција, пишува агенцијата Анса.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени