Утрински Весник
Свет

Почина претседателот на Танзанија, Џон Магуфули

Почина претседателот на Танзанија, Џон Магуфули

Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули, почина во 61. година од животот, објави потпретседателката Самија Сулуху Хасан.

Магуфули почина во средата од компликации на срцеви заболувања во болница во Дар ес Салам.

Тој не се појави во јавноста повеќе од две недели, поради што почнаа да кружат гласини за неговото здравје, пренесува „Би-би-си“.

Опозициските политичари претходно оваа недела тврдеа дека тој бил заразен со коронавирусот, но тоа не е потврдено.

Полицијата уапси четири лица за наводно ширење лажни вести за болеста на политичките лидери.

Магуфули, еден од најголемите африкански скептици во однос на коронавирусот, стана претседател на Танзанија во октомври 2015 година.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крвав масакр во САД: Деветмина мртви, меѓу нив две мали деца и бремена жена

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци

Силен ураган му се заканува на Мексико