Утрински Весник
Свет

Соборен хеликоптер во Авганистан, загинаа девет војници

Соборен хеликоптер во Авганистан, загинаа девет војници

Министерството за одбрана на Авганистан денеска потврди дека девет авганистански припадници на безбедносните сили загинале во пад на хеликоптер во централниот дел на земјата, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението на Министерството за одбрана се вели дека тие ја испитуваат несреќата што се случи доцна вчера во провинцијата Мајдан Вардак, и дека меѓу жртвите има членови на екипажот и припадници на единиците на специјалната војска.

Извор од авганистанското воено воздухопловство и официјален покраински претставник потврдија за „Ројтерс“ дека хеликоптерот бил погоден од ракета при полетување.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крвав масакр во САД: Деветмина мртви, меѓу нив две мали деца и бремена жена

Медведев по апсењето во Црна Гора: Можеме да го прошириме списокот на уапсени Европејци

Силен ураган му се заканува на Мексико