Утрински Весник
Свет

Турција ѝ донира 30.000 вакцини против коронавирус на БиХ

Турција ѝ донира 30.000 вакцини против коронавирус на БиХ

Турција најави донација на 30.000 вакцини против коронавирус на Босна и Херцеговина.

Донацијата е дел од договорот постигнат од членовите на претседателството на БиХ со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на денешната средба во Анкара.

„Сакам да изразам сочувство на сите семејства во БиХ кои ја загубија борбата против коронавирусот. Ние ќе доставиме 30.000 дози вакцини во БиХ”, рече турскиот претседател.

Така, првата поголема количина вакцини која ќе стигне во БиХ ќе биде донација, по онаа од Србија од пет илјади вакцини.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик