Утрински Весник
Свет

Јапонскиот премиер јавно се вакцинира пред средбата со Бајден

Јапонскиот премиер јавно се вакцинира пред средбата со Бајден

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга прими прва доза на вакцина против Ковид-19, како дел од подготовките за состанокот со американскиот претседател Џозеф Бајден, следниот месец.

Суга е првиот јапонски службеник кој јавно се вакцинира. Околу 80 до 90 јапонски официјални лица ќе бидат вакцинирани пред да заминат за САД на почетокот на следниот месец. Суга ќе биде првиот светски лидер што ќе се сретне со Бајден од неговото доаѓање на власт.

Јапонија минатиот месец започна програма за имунизација со вакцините на „Фајзер/Бионтек“.

Напорите на Јапонија се насочени кон имунизација на здравствените работници и оние над 65 години. Суга вели дека Јапонија ќе има доволно дози за да вакцинира 126 милиони жители до јуни, пред почетокот на Олимписките игри во Токио.

Во Јапонија досега повеќе од 290.000 луѓе примиле барем една доза од вакцината.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија