Изминатата ноќ влезе во аналите на НБА лигата. Прв пат во историјата, во една рунда, петмина кошаркари забележаа трипл-дабл.
Џулиус Рендл од Њујорк Никс, во победата над Оклахома сити Тандер 119:97, забележа 26 поени, 12 скокови и исто толку асистенции. Ова е втор трипл-дабл во сезоната за Рендл. Тој е првиот играч на Никс уште од Марк Џексон во сезоната 1988/89 кој забележал најмалку два трипл-даблови во една сезона.
Џејмс Харден ги предводеше Бруклин Нетс до победа над Детроит Пистонс 100:95. „Брадата“ имаше 24 поени и по 10 скока и асистенции. Бруклин имаат 12 победи на последните 13 натпревари.
Домантас Сабонис, беше клучниот човек во победата на Индијана Пејсерс над Финикс Санс 122:111. Литванецот постигна 22 поени, на кои придодаде 13 скокови и 10 асистенции.
И на крајот во дуелот помеѓу Милвоки Бакс и Вашингтон Визардс (125:119), трипл-дабл забележаа Јанис Адетокумбо и Расел Вестбрук.
Јанис забележа 33 поени и по 11 скокови и асистенции, а Вестбрук блескаше со 42 поени, 10 скока и 12 асистенции.
> Трипл-дабл спектакл во НБА лигата <