Утрински Весник
Македонија

Сообраќајната полиција казни 160 возачи во Скопје, од кои 21 за брзо возење

257 казни за брзо возење на автопатот Куманово – Велес и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12. март) продолжи со засилени сообраќајни контроли на територијата на град Скопје.

Како што информираат од МВР, притоа биле изречени вкупно 160 мерки, од кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 21 возач, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, како и четири за прекршоци што ги чинат пешаците…

Изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за управување под дејство на алкохол, една за минување на црвено светло, две за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за непрописно престигнување и обиколување…

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонија обоена за донирањето органи

Велешанка тешко повредена по пад од мотор

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт